Ариста PBX е телефонски систем наменет за бизниси, дизајниран да достави глас преку податочна мрежа и интероперира со обичната Јавна Телефонска Мрежа (PSTN).

 

Системот во комбинација со интернет овозможува да се скратат трошоците за меѓѕнародни повици, и да се ужива во благодетите на една единствена мрежа за пренос на податоци и глас, како и напредна компјутер-телефон интеграција што резултира со зголемена продуктивност и поголема мобилност.

 

Главни карактеристики

  • Интеграција со мобилната мрежа
  • Гласовна пошта за секоја внатрешна линија со опција за препраќање на пораката на емаил како атачмент
  • Снимање на разговори
  • Конференциски разговори
  • Гласовни менија - за навигација и информации
  • Режими на работа според временски распоред - За време на работни часови, по работни часови, за време на празници и слично

 

Кои се придобивките

  • Значителни заштеди на телефонските сметки со правилно пренасочување на повиците кон надвор. Воспоставување на повици кон надворешни линии преку нај оптималниот провајдер (Пример за повици кон фиксна мрежа излезот би бил преку фиксниот оператор, за повици кон мобилни мрежи би се користел мобилен оператор, додека меѓународни повици би се воспоставувале преку интернет провајдер)
  • Скалабилност - Затворените системи лесно се надраснуваат. Додавање на дополнителни локални екстензии обично вклучува и набавка на скапи хардверски модули. Не се мали и случаевите кога е потребен целосно нов телефонски систем. Не ис со нашето решение - за да додадете нови внатрешни екстензии само приклучете ги телефоните во вашата локална мрежа.
  • Подобро услужување на вашите клиенти и поголема продуктивност на вашата компанија. Бидејки нашиот телефонски систем е базиран на компјутерска архитектура, сега е возможно да се интегрираат телефонските функционалности со вашите бизнис апликации. Пример: Автоматско отварање на досие по дпбиен повик од некој ваш клиент, со што ја зголемувате вашата корисничка услуга и го намалувате времето потребно да се услужи еден клиент.

 

Десетострука функционалност за пола цена!